MKMETAL bootleg Сајтов уште не е официјално пуштен, така што, кој нашол нашол... ама не очекувајте све да работи
Ambroz имаат нова песна!
Вести 29.6.2026 од tribe

Ambroz имаат нова песна!

После децении ферментација, ми се чини дека нашава сцена полека, но сигурно пушта квалитетни никулци. Не сум од оние што сметаат дека сè што е домашно е квалитетно. Далеку од тоа. Никогаш не ни било така, освен ако не сакаме да се лажеме. Не знаев дека Ambroz имаат нешто ново до вчера, кога се видов со Дамјан. Издале нов сингл A Movement That Grinds Time, кој не звучи светски (која излитена фраза!), туку зрело!!!
Особено ми се допадна симфонискиот момент, иако никогаш не сум бил фан на хорови и клавијатури ама ова е случај кога токму тоа ѝ два дополнителна димензија и тежина на песната. Се надевам дека ова е почеток на градење материјал за нов албум, и ако е така, секоја чест!
Верувам дека до сега сите сте ја слушнале песната, а оние како нас, што доцнат, премиерно ја слушаат сега. Тоа воедно и нека е критика до бендот што не ни пратиле линк навремено.
Со задоволство и гордост ја споделувам A Movement That Grinds Time! Само напред!

Video Thumbnail