Вести • 2.11.2026 • од tribe
Azarth најавуваат нов албум
Полскава метал сцена дефинитивно влегува во самиот крем на светскиот метал. Од она што следам, а и она што досега сме го објавиле на МкМетал (вклучително и две од најновите интервјуа), можам слободно да заклучам дека поголемиот дел од полскиве изданија се бескпрекорни во секоја смисла. Ниту Azarth не отстапуваат од сето ова. Кон крајот на месецот издаваат нов албум (Scorn Eternal), кој ако судиме според песнава што ја стримуваат, ќе биде разурнувачки добар.