Вести 12.6.2026
Cult of Luna најавуваат нов албум
Cult of Luna се еден од бендовите кои кога се појавија ми беа, „ех, некој модерен тип метал, ќе ги слушнам понатаму низ годините“... Во меѓувреме поминаа 26 години и „натрупаа“ одлична дискографија со одлични дела, а и полека но сигурно си го најдоа своето место на сцената. Металска екипа, но не толку металско творештво. Се уште се еден од бендовите кои ги проширија рамките на металот. Не сум преголем фан, но имам респект. Во ноември годинава ќе издадат нов албум, In The Shadow of Your Shadow. Денес ја слушаме токму насловната песна за албумот. Мачно и енергично!!!