Death Angel имаат нова песна
Вести • 5.11.2026 • од tribe

Death Angel имаат нова песна

Респект, редно беше! Death Angel немаат нов албум од времето на дедо Ное и баба Дудинка. Последниот албум беше пред да се појави короната, во 2019. Се надеваме дека новава песна The Never Was, која официјално излезе денес, е најава токму за нов албум. За песната нема што да се каже многу, освен дека е Death Angel класика. Стандардите сè уште им се високи, така што останува само да ги објават деталите за нов албум (кога и да е планирано тоа).

Video Thumbnail