Вести • 10.11.2026 • од tribe
Добри духови шетаат по планетата
Sinistrum e релативно тазе бенд на сцената, а инаку доаѓаат од едно многу мало гратче во Кентаки. Како и да е, за неколку дена ќе го издадат својот втор албум The Hammer of Conquest, кој го стримуваат во целост како најава. Ем тазе бенд, ем ослободуваат некои од старите добри дет метал духови, кои ја ораат планетава. Мелодично во одлични дози, брутално во уште поодлични дози и сето тоа аранжмански до ниво на совршеност. Секоја чест за зрелоста на младиќиве, кои изгледа се опседнати со старите добри дет метал духови.