MKMETAL bootleg Сајтов уште не е официјално пуштен, така што, кој нашол нашол... ама не очекувајте све да работи
Домаќински дет метал
Вести 9.7.2026 од tribe

Домаќински дет метал

Apogean се многу интересен млад и надежен кандадски дет метал бенд. Зад себе имаат само еден студиски албум, а вториот, Waste Where Life Begins, официјално излегува утре. Албумот трае скромни 33 минути, а има девет песни. Сосема доволно, според мене.
Кога се слуша од почеток до крај, едноставно не може а да не се нарече домаќински дет метал, иако има многу финеси кои отскокнуваат од категоријата класичен дет метал. Има доза техникалии, доза мелодики (на места, морничави), доза бруталност, но и одлични грувови. И кога сè ќе се собере (и одземе), сепак, станува збор за чистокрвен, баш домаќински метал!
Солиден албум!

Video Thumbnail