Вести 13.5.2026
Доследна реинкарнација на Bolt Thrower
Интересна дет металштина што неодоливо потсетува на Bolt Thrower. Иако не е лесно да се наполнат тие чевли, Frozen Soul многу солидно го прават тоа. Не се од вчера ама јас ги откривам денес. Минатата недела издале нов албум, No Place of Warmth, а снимиле и спотче за насловната песна од албумот. Патем, им гостува Џерард Веј, ако некому нешто значи тоа. Како и да е, песната има опасно заразна мелодија!