Фантастичен треш од Индија
Вести • 19.11.2026 • од tribe

Фантастичен треш од Индија

Далечната периферија на мејнстрим металот е местото каде се кали железото додека е жешко и течно. Се сложиле вие или не, мејнстрим металот одамна е ладен како камен. Одамна веќе нема што да понуди и одамна станува контрадикторен на себеси. Па, така, Пецо случајно налетува на Armament, трешери од Индија, кои минатата недела издадоа дебитантски албум. Додуша, ова не е албум, ова е монументално дело. За да не му ја лупам убавината, слушнете па проценете сами. Многу „големи“ бендови комотно можат да учат од ваквите луѓе. А, да, албумот се вика Power of the Wildfire и е независно издание.

Video Thumbnail