Fear Factory најавуваат нов албум, а имаат и спот
По четири години пауза, Fear Factory повторно се враќаат со нов албум. Албумот се вика Roboticist, а ќе излезе дури во април следната година преку Nuclear Blast Records, што значи дека сè уште имаат задржано некаков статусен кредибилитет. Јас ги напуштив уште одамна, откако ги напушти Бартон, иако добро знаеме дека Казарес е рбетот на бендот. Но, еден бенд никогаш не функционира како организам ако само еден човек ги турка нештата. Бартон, сепак беше еден вид интелектуален крвоток во Fear Factory, а тоа е она што им фали во поновиве времиња. Патем, снимија и спот за песната Detonizer, чиј текст е веќе објавен и се обидува да ги ревитализира текстуално, но едноставно не е тоа тоа. Исто како што за музиката на некој бенд знаеме да кажеме дека е генеричка, овојпат кај Fear Factory тоа се однесува на текстот, иако пораката е океј, ја разбирам. Но текстот едноставно нема живо(с)т. Слично е и со спотот, во најмала рака инфантилен но со очигледна порака. Но, што е, тука е.