MKMETAL
Феноменален прогресивен метал
Вести 8.6.2026

Феноменален прогресивен метал

Епа, лавови мои морски, копуци мои морски... сукајте ракавите, начулете ушите и пази ваму! Кој не ги знае Xenosis време е да ги запознае. Страшна екипа од Конектикат, додуша, не се од вчера, поголем дел од нив се ветерани на сцената... Свират прогресивен дет метал ама во една од најдобрите можни форми. Значи, никакво билдање, никакво свирење 200 тонови у секунда. Се си е фино складирано и сортирано. Многу добри грувови и мелодии (по нивна мерка, се разбира) и беспрекорно чист звук, а сето тоа сепак со старошколска позадина. Албумот Hermetic Transmutation официјално излегува денес, преку Transcending Obscurity Records, еден од ретките издавачи кои речиси и да немаат утка. Се на се, ова е феноменална точка во времето и не смее да се пропушти.

Video Thumbnail