Heathen имаат нов спот
Вести • 24.11.2026 • од tribe

Heathen имаат нов спот

Ветераните најавија нов албум (Lifetime in Hell) за почетокот на следната година. Поточно, се очекува да излезе во февруари 2027. Денес објавија нов спот за песната Goddess of the Light како најава. Иако Heathen ги слушам одамна, овојпат ќе останам резервиран, зашто нешто едноставно ко да не ми „штима“ во песнава. На моменти е океј, на моменти сомнително - нешто слично како со Escapegoat која ја објавија во октомври. Се надевам дека ова ќе биде one (или two) off, па да почекаме да стримуваат уште нешто од албумот за да видиме со што ќе си имаме работа.

Video Thumbnail