MKMETAL bootleg Сајтов уште не е официјално пуштен, така што, кој нашол нашол... ама не очекувајте све да работи
Insomnium најавуваат нов албум со спот
Вести 24.7.2026 од tribe

Insomnium најавуваат нов албум со спот

Постојат купишта и купишта мелодични дет метал бендови, па веројатно е и нормално со текот на времето да сме десензибилизирани на правецот. И со право! Изминативе дваесетина години се изнаслушавме секакви мелодични дет метал бендови, нешто добро, повеќето просечно и лошо. Но! Ќе налета некогаш нешто вакво, кое всушност не е нешто посебно, не е ништо ново, не е револуционерно, не ги поместува музичките граници итн., итн. Едноставно или ќе те понесе вајбот и музиката или не. Баш таков е случајот со Insomnium, кои најавуваат нов албум за октомври годинава. Во меѓувремено снимија и спот за Gleam in the Black, како тизер за она што ќе следува. Песната одлично повлекува со главната мелодија, која којзнае колку пати сме ја слушнале во ваква или онаква варијанта. Ама има некаква „магија“. Ме враќа на времето кога првпат го слушнав „Whoracle“ на In Flames. А има Dark Tranquillity вајбови. Доста е, куме, кликни плеј...

Video Thumbnail