Интересна прогресивност
Вести • 1.10.2026 • од tribe

Интересна прогресивност

Filthy Ilk е прогресивен дет метал бенд од Њу Џерси, свират од 2023 година, досега имаат само две ЕР изданија и се тотално независни. Иако има поминато некој месец од нивното последно ЕР издание (најверојатно се фокусирани на овој формат) Weaponized Natural World, сметав дека е добро да се слушне, прочита и види нешто вакво. Во основа се работи за дет метал, но она што е интересно е насоката на прогресивниот елемент. Не дека е нешто револуционерно и измислување на тркалото одново, сепак е многу уникатно и оригинално.

Video Thumbnail