Каква е оваа цивилизација?
Ако некој сè уште има проблем да дефинира што е тоа добар бенд, кои се критериумите на чија основа ќе изгради став, одговорот е еден збор, Scattered. Кога ќе се земе предвид целокупната приказна, човек треба да биде горд што познава вакви луѓе, што има ваков бенд во непосредна близина. Едноставно е, Scattered имаат што да кажат (и тоа го прават одлично). Ми се чини дека прераснаа и израснаа во умствена тупаница, нешто монументално (и ретко) на наши простори. Длабоко, искрено, нетрпеливо и остро... и музички и текстуално и визуелно. Би требало сето ова досега да го знаете, а ако сите овие причини не сте ги согледале досега, едноставно, нит сте за Scattered, нит сте за метал. Жалам, поинаку и не знам како да се изразам. Секоја поблага форма би била мачкање очи. Како и да е, со спотот кој го снимија за песната Цивилизација, ставија свој печат на една ера која очигледно многу „уметници“ и „бунтовници“ не ја ни перципираат, уште помалку па да ја таргетираат. Каква тоа цивилизација сме станати кога сме способни да се храниме со страдањето на оние до нас? Одговорот е овековечен во спотот... освен за оние кои сето тоа никогаш не го гледале на тој начин. Знаете кои сте и знаете каде ви е местото!