Вести • 26.10.2026 • од tribe
Многу добар старошколски дет метал
Abyssus се ветеранска екипа од Атина, која функционира повеќе од 15 години. Пред три дена издадоа одличен нов албум кој вреди да се преслуша. Албумот се вика The Reign и звучи предобро. Освен што свират старошколски дет метал со трешерски примеси, интересно е што и продукцијата го доловува истото чувство.