Вести • 3.8.2026 • од tribe
Монолитен хаос
Tombstalker се дет метал бенд од Кентаки и постојат речиси 20 години. Интересно е што имаат многу т'нка дискографија, синглови, ЕР-ја и само еден студиски албум во 2015 година. Следниот албум Chaos Monolith ќе го издадат кон крајот на септември и тоа на плоча. А во меѓувреме ја стримуваат Unto the Anvil of War, одлична старошколска дет метал епопеја со шведски гитарски призвуци и старошколски холандски влијанија. Просто кажано, песната корне!!!