Вести • 4.2.2012 • од tribe
Moonspell - 'Alpha Noir'
Португалскиот готик метал состав "Moonspell" ќе го издадат својот нов албум "Alpha Noir" кон крајот на април, преку издавачката куќа Napalm Records.
Фронтменот на бендот Fernando Ribeiro во врска со новиот албум изјавува: „Вистинскиот бенд мора да има славно минато, солидна сегашност и бистра иднина. Дури и повеќе од тоа, вистинскиот бенд мора да знае како да преживее во сите овие сезони, справувајќи се со своите духови, нивните сенки, нивната цел кон светлината, темната форма на личноста, со импулсот да се биде подобар, да се биде подобар додека се приближува кон себе си. Неговото вистинско срце, душа и месо.“
