Музика од новата ера
Запознајте ги Cairiss, метал бенд од Саутемптон. Постојат веќе 13 години, но до пред некоја недела нивната дискографија била исполнета само со синглови, едно ЕР издание и едно демо. На крајот од јули им излегол првиот албум Wilderness, кој има „само“ 6 песни, трае цели 42 минути и е независно издание. Ова (за мене) е музика од новата ера, нешто што порано беше ретко, иако си постоеја соодветни семиња и никулци за сето ова. На крајот на краиштата, не е ни важно дали ми се допаѓа или не, а засега немам ни мислење. Станува збор за авангарден блек метал, иако ако го оставиме така, веројатно ништо и не сме кажале. Има тука доста прогресивни елементи, алтернативен рок (или shoegaze, како што популарно се користи терминот). Во прилог ја слушаме Dissociate, а целиот албум лесно ќе го пронајдете.