Вести • 15.10.2026 • од tribe
На метал светот му требаат повеќе вакви бендови
Чудно е како со текот на времето, некои музики кои воопшто не ми се привлечни и секогаш речиси намерно сум ги избегнувал, ќе најдат форма во која ќе се претопат и од некоја незатната дупка (или задна врата) ќе ми навлезат во слушачкиот простор. За мене тоа е интересна амбивалентност. Како и да е, Iapetus е еден од таквите бендови. Двајца металчишта од Лонг Ајленд, кои заедно творат веќе 15 години, утре издаваат нов албум. Станува збор за амбиентален мелодичен и прогресивен метал, кој не верувам дека некого ќе остави рамнодушен. Албумот се вика The Mother Void и имаме можност да го преслушаме во целост.