Новата година ја почнуваме со црн метал... Ќе беше поинтересно тоа да е со некој опасен дет метал ама еби му мајката, и тоа се случуе. Налетав на Olhava сосема случајно (ко и секоаш) и останав на нив неколку саати, иако новиов албум им трае само 20 минути. Станува збор за руски авангарден пост блек метал бенд, кој текстуално се занимава со природата, а музички алхемизира со опасна амбиентологија и одлична мелодика. Новиот албум Memorial треба да излезе кон крајот на февруари, а во меѓувреме одлично ќе ви легне едно вакво музичко дело, во постновогодишен „манир“.
Original post