Вести 23.4.2026
Одличен дебитантски бразилски метал
Штом некоја металштина доаѓа од Бразил, веднаш знаеме приближно и како ќе звучи. Барем, моето искуство така ми кажува. Збориме генерално, се разбира. Па така, денес налетав на Mental Autopsy и кога пуштив да слушнам, си реков, ова мора да се Бразилци. И половината ја погодив, Бразилец... Mental Autopsy е проект кој е апла тазе, од годинава. Најверојатно станува збор (барем според текстовите од албумот) за лична приказна, лична борба на протагонистот. Инаку, човекот ги свири сите инструменти и тоа прилично добро. Дебитантскиот албум Introspective Insanity излезе минатата недела и е достапен во целост. Заборавив да напоменам дека се работи за бразилска мешавина на треш и дет метал, со одлична сурова старошколска продукција.