Вести • 30.7.2026 • од tribe
Одличен дебитантски дет метал албум
Invocation Ritual се ветеранска екипа од Сиетл, но како бенд, дебитираат албум дури годинава. Се работи за одличен старошколски мид темпо дет метал, но тоа не значи дека нема бластовски запливи. Има, и тоа, одлични, дозирани, „со осет“. Албумот, Altered Reality, ќе излезе кон средината на август, а во меѓувреме ја стримуваат насловната песна од албумот. Не „дотуркале“ џабе до Iron Fortress Records, кои се бааѓи сериозни во она што го прават.