Одличен дет метал од Словенија
Вести • 19.11.2026 • од tribe

Одличен дет метал од Словенија

Многу ретко налетувам на метал бендови од Словенија и еве, вака, ќе налета нешто ретко ама многу добро. ProtoOort се нов бенд, првото ЕР издание излезе вчера, како независно издание ама мислам дека нема долго да остане така. Ако продолжат во оваа насока сигурно ќе закачат некој добар издавач. Во основа, станува збор за прогресивен (па, и чуден) дет метал во старошколски манир. Старошколски и во компонирање, па и во продукција. Секоја чест момци!

Video Thumbnail