Вести 16.5.2026
Одличен фински мелодичен дет метал
Викенд предлог од нас, Inthraced оф Финска. Мошне интересен мелодичен дет метал бенд, чиј нов албум излезе пред два дена. Сосема случајно налетав на нив и некако ми го задржаа вниманието. Албумот е компактен и интересен, а изобилува и со интересни хармонски изненадувања. Има „само“ седум песни кои како да се споени во една приказна. Од меланхолии, па до бластови, распонот е огромен, а момциве го исполнуваат одлично.