Вести • 18.9.2026 • од tribe
Одличен метал
Manifest се металчишта од Норвешка. Не се нови на сцената, постојат од 1999 година, свират и во купче други бендови ама јас, ете, не ги знаев. Свират некаков грув метал, металкор, треш и така натака. Иако, новиов албум им е толку широк во звукот што искрено ме зачудува. Можеби е така зашто не ги следам модерниве трендови, па така, нешто што за мене ќе е ново, за некој ќе е уште една капка во морето. Мислам дека станува збор за прилично интелигентен бенд, се гледа (т.е слуша) во пристапот. Можат да залупаат хардкорашки и трешерски кецови, па да пропаднат во некаков Neurosis муд. Кој сака, може, има волја, нека им го слушне албумчево. Патем, албумот се вика Nothing Left to Kill и официјално излезе денес.