Вести 23.6.2026
Одличен старошколски дет метал
Endseeker издадоа одлично ЕР со феноменален старошколски дет метал. Во последно време ЕР изданијата ми станаа top of the tops, во извесна смисла се и поинтересни изданија од класичните албуми. А башка, го има моментот „кратко ама слатко“. Такво издание е Coffin Born на Endseeker. Одличен рифовски дет метал, во стилот на старата шведска дет метал школа, иако, се слушаат и други елементи, што е уште подобро и побогато.