Вести 23.4.2026
Одлична хорор епопеја
Иако не сум по бендовиве со хорор тематики, едноставно не можев да ги прескокнам Crypt Crawler. Првите рифови ми зазвучија ко комбинација од легендарната шведска и холандска дет метал генерација. Патем, денес издаваат нов албум, плус ЕР издание - две во едно. Decaying Host ќе ни илустрира како звучи сето тоа (а звучи одлично, особено делот од втората половина на песната). Секоја чест, момци.