Одлично име за метал бенд, уште поодлично издание
Artificial Brain се ветеранска дет метал екипа од Ричмонд, еден од оние бендови кои ги поместуваат границите на жанрот (или жанровите). Доволно сум самокритичен да кликнам плеј на ваков бенд, иако бластови никогаш не биле по мој вкус. Е, арно ама тука има многу повеќе од тоа. Во основа свират технички прогресивен дет метал ама има моменти кога тотално излегуваат и од таа рамка. Иако, можеби многумина ќе очекуваат модернистички пристап, интересно е што дет метал основата е стара школа, па веројатно и затоа прогресивните и експериментални моменти делуваат како голем контраст. А, сето тоа е дел од печатот на бендот. Да не ја протегнувам и растегнувам премногу, нивниот нов албум Antillia официјално излегува утре ама целиот албум е објавен денес.