По 19 години, Down повторно се враќаат со нов албум
Вести • 8.10.2026 • од tribe

По 19 години, Down повторно се враќаат со нов албум

Не дека беа тотално отсутни, но не знам од кои причини не снимија албум по 2007 година. Издаваа синглови, ЕР-ја, компилации и тракатанци ама никако албум. Следниот месец ќе го издадат Volume V, кој содржи десет песни. А како ќе звучи? Како Down, поинаку и не може да се опише. Ама затоа, во меѓувреме снимија спот за одличната The Myth.

Video Thumbnail