По не знам кој пат - одлични Полјаци
Вести • 17.11.2026 • од tribe

По не знам кој пат - одлични Полјаци

Одамна веќе заклучивме дека полската сцена не само што е во експанзија, туку и дека носи квалитетни бендови. И тоа, не инцидентно, туку масовно. Еден таков пример се и дебитантите Grindcrime, кои завчера издадоа феноменален дет грајнд албум со времетраење од околу половина час. Сосема зрел пристап, ако нешто вакво трае предолго (во смисла предолги песни) знае да ја гуши целата поента. Hunting for Submissive Minds има девет песни кои се феноменално стокмени и стросани во одличен дет металски манир. Целиот албум е достапен за слушање. Пријателски совет, не прескокнувајте вакви изданија...

Video Thumbnail