Почина Кронос, основачот на Venom
Вести • 1.10.2026 • од tribe

Почина Кронос, основачот на Venom

На 63-годишна возраст почина Конрад „Кронос“ Лант, освновач, фронтмен, вокал и басист на легендарните Venom. Веста ја објави бендот, без да биде соопштена причината за смртта.

Кронос беше една од клучните фигури во создавањето на екстремниот метал. Со албумите „Welcome to Hell“ (1981) и „Black Metal“ (1982), Venom ги поставија темелите за развојот на блек-металот, а нивното влијание се чувствува и во траш и дет металот.

Кронос остана предводник на Venom повеќе од четири децении и зад себе остави едно од најпрепознатливите наследства во историјата на металот.