Вести • 25.7.2026 • од tribe
Почина Лу Колер, вокалот на Sick of it All
Лу Колер, долгогодишниот вокал на Sick of It All, почина на 59-годишна возраст по речиси двегодишна борба со рак на хранопроводот. За време на неговото лекување, хардкор заедницата организираше повеќе хуманитарни концерти и акции за поддршка, што беше показател за огромното влијание и почит што ги уживаше во музичкиот свет.
Во својата повеќедецениска кариера, Колер остави неизбришлива трага со својата музика, интегритет и посветеност кон сцената, влијаејќи врз безброј музичари и љубители на хардкорот.
Неговото наследство ќе продолжи да живее преку албумите што ни ги остави и инспирацијата што им ја пренесе на генерации хардкораши.
Почивај во мир.