Вести • 30.9.2026 • од tribe
Само Канаѓани можат да прават вакви ѓурултии
Не дека во останативе делови од светов нема вакви ѓаолштини ама, па, кога ќе слушнеш нешто вакво уште во првите неколку секунди си велиш: „Канаѓани да не се?“ Вообичаено вакви испади доаѓаат од Канада, барем таков е мојот впечаток. Dissimulator се одличен технички дет/треш бенд од Монтреал. Релативно тазе се на сцената (свират од 2021 година), а задутре им излегува вториот албум, Artifice Dissolves, кој, за среќа, го имаме во целост. Да не го тапанам многу, станува збор за навистина одлично метал издание, а сето тоа добива уште повеќе на тежина ако го додадеме фактот дека ова е уште едно феноменално издание на 20 Buck Spin.