MKMETAL bootleg Сајтов уште не е официјално пуштен, така што, кој нашол нашол... ама не очекувајте све да работи
Уште една нова песна од Anthrax
Вести 10.7.2026 од tribe

Уште една нова песна од Anthrax

Си мислам дали е можно да се слушне песнава без да се знае дека е од Anthrax. Почнува песнава и проверувам дали сум кликнал добро, да не сум го промашил линкот... темнини, тежини, тмурнини... си велам, којзнае кој блек метал бенд сум го пуштил. Се враќам, гледам спотов баш таков филм и наеднаш шамар! Мислам дека ова е намерно направено, па што сака нека е. Ама, добро е, секоја чест. Позитивно изместување.
Да не должам. The Edge of Perfection звучи феноменално, и текстуално и музички и историски. Ова е одлична (втора) најава за новиот албум, кој ќе излезе дури во септември. Она што исто така треба да се истакне е совршената солажа на песната и текстот.

Video Thumbnail