Вести • 30.9.2026 • од tribe
Xentrix имаат нов спот
Пред два месеци стримуваа песна од новиот албум, а сега снимија и спот за Nil By Mouth. Песната е многу поразлична од претходната, како да ми ја нема онаа нивна карактеристична мело треш композиција. Да се разбереме, не велам дека песната е лоша туку дека има драстична разлика меѓу двете, што ми се чини дека дури е и отстапување од нивните стандарди. Оваа е помонолитна ама поцврста, потрешерска. Текстот, како и секогаш, одличен, баш во нивен стил. Од друга страна, за спотот не може да се каже ама баш ништо, а зошто, ќе видите и сами. Како и да е, новиот албум Allied with the Enemy (што сам по себе како наслов носи опасно добра политичка порака, особено во ерава во која живееме), ќе излезе на крајот од октомври.