Вести • 31.7.2026 • од tribe
Xentrix имаат нова песна
Во 1996-та испарија, па се вратија со одличен албум во 2019-та и оттогаш повторно се присутни. Веројатно поновиве генерации не ги знаат, но, накратко, Xentrix се еден од поважните треш бендови. Како и да е, по одличниот Seven Words пред четири години, се враќаат со нов албум во октомври годинава. Албумот се вика Allied with the Enemy, а за да не чекаме додека да залади, снимија спот за истоимената песна.