Вести • 12.11.2026 • од tribe
Заразно добар црн метал
Panzerfaust се некои си заебани ликови од Канада. Ваков заразно експлозивен црн метал сè уште не бев слушнал. Песнава влегува како химна, а потоа следи напад на сите сетила. Секоја чест. Инаку, Panzerfaust имаат ново ЕР кое ќе излезе на почетокот на декември, а се вика The Lucifer Principle - Redux. Изданието содржи пет песни, а денес ја слушаме последната All Grounds Zeroed. Дури имаат и преработка од Џони Кеш ама за тоа другпат.