Вести • 27.10.2026 • од tribe
Зошто модерниот метал е циркус?
Вечерва, сосема случајно налетав на интервју со Алан Аверил (Primordial) и морам да признаам дека самиот наслов на интервјуто значеше дека ќе го изгледам од почеток до крај. Можеби ова е необична „вест“ на МкМетал (па, и воопшто не е вест), но недостатокот на секаква дискусија (на која било тема) поврзана со металот, особено на овие простори е појава која воопшто и не се третира. Дотолку сме затапени што немаме јавен збор апсолутно за ништо што е поврзано со металот. Вака или онака, кај нас (иако проблемот, како што вели Алан, е глобален) металот си (о)станува само спектакл или уште еден најобичен продукт на пазарот. За сево ова, а и за многу други нешта, погледнете го интервјуто, има што да се слушне!