MKMETAL
Review
18.11.2011

Enter The Nightmare

Dystopia

Reviewing Album:

Dystopia

2011

Моментално на плеј листа највеќе ми се врти албумов, откако го добив како физичка копија и можам да кажам дека е нешто доста солидно - со оглед на тоа дека бендот претрпе премногу промени, напуштањето на Барлоу и сл.

Албумот е насловен Dystopia, а омотот го покажува Set Abominае како владетел на еден уништен град, напаѓан од летечки објекти и урлања од народот.

Искрено, пред да излезе албумов бев скептик како се ова ќе звучи, но кога ја пуштија прво Dante's Inferno со новиот вокал знаев дека ќе биде јако парче на Iced Earth. Како што ми беше Matt Barlow водечки вокал и еден од подобрите за Iced Earth, сега можам истото да го кажам и за Stu Block. Дечкото е млад, внесе потполно нова енергија во бендот, работи со сета своја сила да постигне повеќе и да напредува. БРАВО! Тоа ми се допаѓа...

Албумот има 10 траки и во зависност од тоа која верзија ја имате, има бонуси. Јас ја имам Deluxe верзијата и имам 3 бонус траки плус!

Албумот почнува ептен силно и тешко со истоимената трака - Dystopia за која бендот сними и спот (после толку време!!!), а најверојатно сега уште спотови ќе излезат. Траката е класика, riffing ненормален од ѕверот Шафер.

Потоа, продолжува со песната која почнува да ми станува омилена, а тоа е Anthem. Малку тромава ама сепак тешка песна! Лириката доста покажува некои особини.

Boiling Point беше првата песна која ме остави без здив каде што Stu го дава најдоброто од себе - последниот дел каде што извикува "Boiling Point".

Anguish Of Youth е малку поинаква песна која што содржи една мелодија од рифови која што Iced Earth премногу ја употребуваа и во претходните албуми. Тоа е тоа што ми се допаѓа. Гитарите звучат ептен јако! :)

Понатаму не би зборувал - не дека албумот го немам преслушано 100 мил. пати, туку да оставам место за Вие самите да го слушнете и да процените.

Продукцијата е помодерна од претходниците, ама звучи доста добро! Гитарите се доста изразени, се пазело на детали ептен МНОГУ!

Останува добра воља за слушање и одење на концерт... друго - ЗДРАВЈЕ! ;)

FINAL VERDICT

9/10