МКМЕТАЛ

Underground Of The Underground
Nihilist

Блог

Уште еден ребут

10 Ноември, 2011 | Напишал : Vortex | 1 коментар

Пред некое време помина не паметам кој по ред роденден на сајтов, можеби 6ти ако гледаме кога беше пуштен како портал или 9ти ако гледаме кога се појави во својата прва форумска форма во 2002-ра. За тие што се нови сајтов одлично егзистираше и беше преполн се до сериозната криза во 2008-ма кога се загуби желбата за работа. После тоа пробав да го обновам Блицкриг кој уствари беше Мкметал без форум… тоа одеше ок некое време ама сепак недостигаше сајтов, па година подоцна пробав да го оживеам, па уште еднаш и уште еднаш. Не знам веќе ни кој ребут е ова по ред?

Што е различно од претходните обиди? Како прво, ентузијазмот е на различно ниво, моето организирање на времето е поефикасно отколку порано а и сега повеќе луѓе работиме на сајтов, не е “one man show“. Би можел да додадам дека се чувстувам и помудро бидејќи пред некоја година почнав да ја раситнувам и четвртата деценија, ама не би сакал да ве лажам.

Зошто се решив за уште еден обид? Па викаат дека упорноста се исплатела на крај, иако често пред очи ми излегува анимираниот гиф со типот кој млати мртов коњ кога некој ќе спомне упорност. Примарен мотив е нормално љубовта кон жанрот, но и секундарните мотиви не се помали, нашата сцена е во хаотична состојба и чувствувам дека нашите бендови се чувствуваат заборавени и недоволно експонирани. Исто така сериозно недостастува повратна информација од фановите. Уште еден мотив е тоталниот информативен хаос на модерните медиуми кои за иронија се направени за да го средат тој хаос. Конкретно фејсбук, таму секое чудо е за само 3 дена, после одреден период и најбитните информации тонат во морето идиотски статуси, фори и финти од 9gag и слични идиотски сајтови за тепање време. Квалитетната содржина е мртва, побогу еден бенд пред некој ден исфрли албум и после 3 дена никој веќе не зборува за тоа?

Значи вие што ќе го прочитате ова, не сакам коментари со подршка или легендарни „респект редно беше“ мудрувања, сакам вистинска подршка, новости, рецензии, нови теми, предлози, критики па и плукања на крај на краевите. И плукањето е повредно од мракот и тишината (чувствувам дека ќе зажалам за реченицава).