Napalm Death "Utilitarian"

Napalm Death "Utilitarian"

Новиот албум на Napalm Death “Utilitarian” ќе биде издаден на 27.02 преку Century Media Records.
Вокалот на бендот Mark “Barney” Greenway го објаснува концептот и насловот на албумот: „ Генерално се обидуваме да избегнуваме генерички наслови, и токму овој наслов оди во таа насока. Нема да го објаснувам целосното значење на утилитаризмот тука затоа што тоа е етичка теорија, и како што етичките теории се развиваат, длабочината и дебатата околу тоа најчесто е тешка на моменти. Постои одреден „морален“ аспект на сето тоа и тоа не е нешто што ме движи, така што имам одредени несогласувања околу тоа.
Сметам дека заклучокот е, во корист на сите наши слободи, не треба никогаш да се запре, како што дури и чувството на отпор е сигнал кон оние кои сакаат целосно да контролираат и да доминираат со нас – мислам буквално на се, од нашето инстинктивно однесување до нашето човечко обележје да чекориме по земјата слободно. “