Cannibal Corpse - "Torture"

Cannibal Corpse - "Torture"

CANNIBAL CORPSE ќе го издадат својот дванаесетти албум на 13 март преку Metal Blade Records. Албумот нуди 12 песни со манијачки прецизен и душосушачки дет метал. Албумот “Torture” е продуциран од Eric Rutan од Hate Eternal во неговото студио Mana Recording.
За албумот зборува Alex Webster: „Екстремно сме задоволни со тоа како испадна албумот. Eric Rutan направи одлична работа со продукцијата, исто така и процесот на пишување на песни и нашата изведба можеби се најсилни во моментов. Едвај чекам нашите фанови да го слушнат целиот албум.“