Ihsahn ќе гостува на следниот соло албум на Jeff Loomis!

Ihsahn ќе гостува на следниот соло албум на Jeff Loomis!

Поранешниот фронтмен на Emperor, Ihsahn ќе гостува на новиот соло албум на Jeff Loomis(ex-Nevermore), кој ќе излезе оваа година преку Century Media Records. „Знам дека повеќето од вас знаат дека Christine Rhoades пее на некои песни од новиот албум. На почетокот мислев дека таа ќе биде единствен гостин на овој албум, но идејата за втор вокал дојде од една од песните која беше навистина брутална“ – Изјавува Jeff Loomis.
„Отсекогаш сакав да правам „тврда“ музика и по преслувушањето на песната, јас и продуцентот Aaron Smith помисливме дека ни треба некој „луд“ вокал за неа. Седевме и набројувавме имиња и во еден момент Aaron извика: „ми текна, Ihsahn“. По размената на неколку кратки e-mail пораки веќе го имавме неговиот вокал на песната. Ihsahn, ти благодарам уште еднаш, чест е да те имам на мојот албум.“

Коментари

Maleficent
Игор Жо

Одлична комбинација, плус Вегард веќе се има покажано како одлична состојка во сите колаборации. :)

Opeth 208355
TheEternalRest

едвај чекам :)