Kreator снимаат нов албум!

Kreator снимаат нов албум!

Германските ветерани Kreator се веќе во студио и снимаат нов албум кој ќе излезе доцна оваа пролет. Албумот го снимаат во Шведска во студиото Studiomega со продуцентот Jens Bogren(Opeth, Amon Amarth, Paradise lost).
Mille Petrozza: „Песните се супер и мислам дека е во ред да се каже дека ова ќе биде нашиот најепски албум досега. Има класичен, традиционален и се разбира голема доза на thrash metal влијанија на новиот албум. Демо снимките звучат убиствено. Засега работиме на десет песни.“
Во однос на текстуалниот и визуелниот концепт на албумот Petrozza вели: „Рано е да се зборува за текстовите иако многу од нив се веќе напишани, но постојано се менуваат. За омотот е задолжен Wes Benscoter (BLACK SABBATH, DIO, SLAYER, CATTLE DECAPITATION, BLOODBATH) и само можам да кажам: ќе биде лудница!“

Коментари

Bananaman1
BANANAMAN

Апдејт; албумот е со наслов Phantom Antichrist и излегува на 5 јуни.