Dismember ставаат точка на нивната 23 годишна кариера

Dismember ставаат точка на нивната 23 годишна кариера

После 23 години непрекинат циклус од турнеи и издавање на албуми, шведските дет метал ветерани Dismember решија да ја завршат нивната прилично богата кариера.

Басистот Тобиас Кристјансон ја соопшти одлуката со кратка изјава: „После 23 години, Dismember реши да престане со работа. Сакаме да се заблагодариме на сите фанови за нивната подршка.“

Dismember беа формирани во 1988 од неколку поранешни членови на бендот Carnage и три години подоцна во 1991 го издадоа нивниот деби албум “Like An Ever Flowing Stream” кој се смета за еден од највлијателните за развојот на шведската дет метал сцена. Од тогаш бендот
издаде уште 7 албуми, од кои последниот беше во 2008 и го носеше името на бендот.

RIP Dismember, ќе ни недостигате.

Коментари

007 2643
Brutalic

Pa pochnaa da kjelavat… :) Vo sekoj sluchaj vo dobro vreme ja zavrshija karieratata. Jas sum pre-zadovolen so ona shto Dismember imaat da ponudat od nivnata diskografija. Sigurno deka kje mi nedostigaat kako bend.

RIP lords of Swedish Death Metal!