Картите за Vader пуштени во продажба

Картите за Vader пуштени во продажба

Од денес во продажба се пуштени картите за Vader/Gorgoroth/Valkyrja концертот кој ќе се одржи на 6ти Декември. Картите може да ги купите на следните места по цена од 600 денари:

-IMPACT SHOP (на Ленинова)
-CD-SHOP/Менувачница “ADITON” (улица Македонија, спроти BOSS)
- Кафе Бар ‘BRAVO’ (Буњаковец, 2ри Спрат)

Картите исто така ќе може да се купат и на врата на денот на настанот по цена од 700 денари.

Инаку концертот на Vader, Gorgoroth и Valkyrja е дел од нивната The Sign Of Hell 2011 турнеја. Vader ни доаѓаат втор пат, после 7 години пауза додека на Gorgoroth и Valkyrja им е прва посета. Концертот ќе се одржи во МКЦ.

Наскоро сите 3 бенда ќе бидат презентирани на сајтов.