Дами и господа: Violent Hammer

Дами и господа: Violent Hammer

Violent Hammer се гнасотии од Финска. Свират гнасен дет метал кој најверојатно доаѓа од некој бунар. Таква е и снимката, што значи, звучи одлично. Одамна не сум чул ваков звук, а особено не од нов бенд како што се Violent Hammer. Е, сега, тоа „нов“ е условно зашто постојат од 2006 година и до 2014 имаат само три демоа. Првиот албум „Riders of the Wasteland“ (и тоа на плоча) излегол кон крајот на минатиот месец. Бујрум запознавање.