Феноменален дет метал од Австралија

Феноменален дет метал од Австралија

Не можам да се сетам кога последен пат сум доживеал волку позитивно изненадување. Earth Rot се релативно млад бенд и доминантно свират дет метал (иако има и повремени блекерски зачини). Шведски гитарски звук, негенерички тапани (како милијарда денешни бендови), аранжмански дури и прогресивни и неконзервативни. Агресија, мелодија и хармонија во исто време. Нивниот нов албум „Black Tides of Obscurity“ официјално излегува утре, а во меѓувреме можете да ја слушате првата песна од албумот, „Dread Rebirth“ (по можност, повеќе од еднаш).