Феноменален германски треш

Феноменален германски треш

Метал сцената има чудни обичаи, навики, морал, догми, канони… Често имаме навика да не ги „чепкаме“ „големините“, т.е „големите“ бендови. Тоа е најголемото срање што може да се случи во некаква андерграунд струја. Зошто? Затоа што на тој начин станува исто таков талог како оној што ја иритира. После овој прилог многумина ќе бидат навредени, но Pessimist имаат толку добар албум што кај мене се искачува до самиот врв во треш металот. Pessimist се релативно нов бенд со три албуми зад себе, а последниот „Holdout“ излегол пред една недела. Имаме можност да го преслушаме цел. Добри текстови, одличен неконзервативен треш кој интегрира многуметалски влијанија и одлично успева да ги „асимилира“. Можеби нешто најдобро што сум слушнал во последно време. Со огромно задоволство велам, бујрум!