Фин старошколски треш

Фин старошколски треш

Ако сте носталгични по старите трешерски времиња и великани, Deathstorm е бендот што ќе ги обедини сите заедно. Slayer, Kreator, Sepultura, Death се на едно место. Патем, Deathstorm се од Грац, Австрија, зад себе имаат три албуми, а четвртиот „For Dread Shall Reign“ официјално излегува во петок. Во моментов има само три песни за преслушување и, искрено, сите три се одлични. Многу добар бенд, иако не сакам преџвакување на старите „канони“. Обратете внимание на „Human Individual Metamorphosis“. На кој бенд ве потсетува?